На 11. 07. 2015 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од брегалничката епархија. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на светите апостоли Петар и Павле и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одража пригодно слово.

Извор. Брегалничка епархија