08. 07. 2015 - Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиарски г. Јосиф, го посети социјално загрозеното семејство Симјаноски од с. Јегуновце, Тетовско, при што од името на Тетовко-гостиварската епархија даруваше парична помош и машина за перење алишта. Во својата изјава пред медиумите, митрополитот г. Јосиф истакна дека Тетовско-гостиварската епархија секогаш, согласно своите можности, ќе им помага на семејствата и поединците кои живеат во тешки услови, упатувајќи апел до компаниите, но и до сите добронамерници да се вклучат во ваквите акции за помош и да покажат христијанско милосрдие.

За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија