"Академската теологија не е доволна за спасение!
Читајте ги главно аскетските отци!

Таму ќе ја научите вистинската теологија,
ставот на умот и на срцето пред Бога.

Чистата молитва не им се дава на оние што многу изучуваат.
Во оваа смисла, патот на теолошката наука не е воопшто ефикасен и ретко води кон чистата и усрдна молитва!

Теологија е состојба на духот, остварена од благодатта Божја.
Овде се наоѓа разликата помеѓу теологијата и философијата, помеѓу вистинската теологија и теологијата на интелектуалците.

Ако едно такво вдахновение го допре вашето срце, тоа веќе не ќе има крај на земјава. Тоа е неисцрпно, зашто во него се наоѓа почетокот на вечниот живот.

Ако дури и вашиот телесен состав се распадне, ова вдахновение ќе живее во вас со огромна моќ! "

- Старец Софрониј

Избор од фејсбук стрната на : Мина Даниловска