Скопје, 21-ви јуни 2015 год.-храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец

 

 

Денес, во третата недела по Педесетница, кога МПЦ-ОА молитвено го прославува споменот на пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат., во храмот кој го носи името на св. Јован Крстител, презвитет Сашо Додевски  во сослужение на ѓаконот Слободан Сарделиќ. отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

презвитер Сашо Додевски

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух,


Господ Исус Христос, драги браќа и сеетри, примил човечко тело од Пресветата Дева Марија и постанал Богочовек, пострадал и вкусил смрт, но со Божјата моќ ја победил смртта и воскреснал за да ни подари царство небесно. А во царството небесно можеме да влеземе само со чисто срце, срце измиено со солзите на покајанието и исповедта. Христос го отворил царството небесно со големи страдања и маки, а од нас за возврат бара само срдечно покајание и препород кон доброто во духовниот живот. Затоа во денешното прочитано Евангелие ни препорачува и ни вели: "Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќс биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? (Матеј 6,22-23)
Очите човечки се прозорецот на телото кон надворешниот свет. Преку нив телото знае за светлината и ја препознава, а го препознава и светот околу себе. Па затоа тие се водачи на човековото тело и ако тие затемнат, тогаш за телото се затвараат сите патишта на виделината и настанува темнина. Но внатре во човекот станува светло или темно, весело или тажно, мирно или возбудливо секогаш зависно од неговото срце, зашто погледот на окото се задржува во срцето и тоа духовно ги преживува сите негови видици. Затоа во Евангелието се истакнува: "Ако светлината што е во тебе", односно во твојата внатрешност, сакајќи Господ преку сликата за окото нашата мисла да ја насочи во внатрешноста на човекот, во срцето, во умот и душата човекова. Внатре во човекот постанува свегло, ако неговото духовно око - срцето и душата човекова се чисти, светли и измиени од гревот, секогаш вперени кон Бога за даја примат Неговата светлина (Јован 8,12) и да постапат наша светлост. Тоа е најголемото блаженство - да имаме блажени очи кои ќе Го гледаат Бога (Матеј 13,16).
Понатаму Господ во денешното Евангелие ни вели: "Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кои едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. (Матеј 6,24) Еве го пред нас, благочестиви христијани, претставено човечкото распнување помеѓу доброто и злото, помеѓу добродетелта и гревот, помеѓу Бога и ѓаволот, помеѓу небесното и земното и помеѓу духовното и материјалното. Не можеме да Му служиме на Бога и на ѓаволот, на Бога и на Мамона (незнабожечки бог на богатството), на Чистиот и нечистиот, да им служиме на два спротивни господари кои немаат ништо заедничко. Не можеме да Го сакаме Бога, а постојано да грешиме, ниту пак да му угодуваме на ѓаволот правејќи добри дела. Сскогаш се опредслуваме и приврзуваме кон едниот или другиот и нему му угодуваме. Но наша цел, целта на нашиот живот и спасение е да се приврземе и да Му угодуваме на Бога, па да постанеме боголики, богоподобни и богоугодни.
Затоа ви велам: продолжува да говори Спасителот Господ Исус Христос, немојте да се грижите за душата - што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќс сс облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото - од облеклото? Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? А кој од вас, грижејќи се, можс на својот раст да му придаде макар еден лакот? Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог такаја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!? Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да писме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. (Матеј 6,25-32) Во овие стихови изразот "душа" го означува човечкиот живот. Но, што претставуваат овие Христови зборови? Дали Господ преку овие евангелски зборови ни забранува да се грижиме за нашата исхрана и облекување и зарем храната и облеклото не се основните потреби на нашето тело? Дали Господ преку овие зборови не учи на пеработливост и безгрижност кон прибавувањето на нашите елементарни потреби? Не, возљубени браќа и сестри. Господ не ни забранува да се грижиме за нашето тело, туку напротив во Светото писмо ни вели: "Никој не го намразил своето тело, туку го храни и го стоплува" (Ефес. 5,29). Ниту пак, Господ не учи на неработливост и безгрижност, зашто во Светото писмо ни вели: "Кој не сака да работи, нска и не јаде" (2.Сол. 3,10). Господја забранува и осудува само претераната и прекумерна грижа за јадењето, пиењето и облеката, зашто таа е израз на нашето маловерие и е бесмислена без Божјата промисла и помош. Господ ја укорува претераната приврзаност кон земното, која го одвраќа нашето внимание од небесното. Ако премногу се грижиме за земното, ние се одвраќаме од Бога и од вербата во Неговата помош. Токму затоа, давајќи ни ги за пример птиците небески и полските кринови сака да ја упати нашата мисла кон Бога како промислител, Кој сс грижи за се во светот, а најмногу за човекот кој е создаден според образот Божји. Бог со Своето сезнаење, премудрост и промисла води сметка за секого од нас и за се што ни е потребно во нашето ностоење.
Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата Правда, и се ова ќе ви се придаде. (Матсј 6,33) Ете ја врвната вредност за која треба да се изборимс. Ете ја нашата постојана грижа по која треба да тежнееме. Бадијала ни се земните богатства, ако не го здобиеме царството небесно. Сите земни богатства се привремени и пропадливи, ниту пак во гроб ќе ги однесеме, а царството Божјо е вечно, царство на сите векови (Псал. 144,13). Затоа во нашите молитви, преку нашите мисли и дела треба најнапред да го бараме Божјото царство, а сето друго, сите телесни потреби ќе ни се придодадат. Се друго: јадењето и пиењето, облеклото и материјалните добра се додатоци на царството Божјо. Затоа пашите души и срца да ги исполниме со Божјиот мир, со Божјата правда, со Божјата вистнна и љубов, та и ние да воскликнеме како светиот апостол Павле: "Се можеме преку Исуса Христа, Кој не крепи" (Фил. 4,13) сега секогаш и во вечни векови, амин.

 

По Литургијата,  отец Михаил Таневски на новороденчето кое денес наполни 40 дена ја прочита Голема молитва.

 

 

 

Преминпортал (к.т.)