„Иконата го прикажува небесниот свет. Ние понекогаш забораваме дека зад оваа реченица стои љубовта Христова, дека ние го претставуваме скапоцениот свет на хармоничната Љубов кој не може да биде ниту тажен, ниту натажен, ни мрачен – сето тоа е човечка особина. Православието е радоста на заедницата со Бога. Ние затоа и Го славиме Бога, зашто Тој ни го донел Благовестието за Љубовта. И тоа се одразува на иконите.“