04.06.2015 16:59


Исполнет сонот на Македонците кои живеат во Германија - изградена првата македонска правосалвна црква на германско тло. „Потврда на идентитетот и печат на нашето постоење“, вели Митрополитот Пимен...

 Втортата генерација на Македонци кои живеат во Германија ја исполнија желбата и сонот на своите родители. Изградена е првата Македонска правослвна црква на германско тло. Дека црквата е потврда на идентитетот на македонецот, уште еднаш ќе докаже и сите македонци ќе ги собере в сабота на чинот на осветувањето на храмот.

„Со тоа оставаме силен печат, не само со нашето посотоење во овие земји, туку ја предаваме верата, оставаме аманет на оние што го реализирале сонот, за тие да ја остават потоа во наследство на нивните деца, за да можат да ја практикуваат не само нивната вера, туку да ја потврдуваат и националноста“, изјави г. Пимен, митрополит на Европска Епархија на МПЦ ОА.

Со свои средства, напори и сплотени сили за неполни пет години е изградена црквата. Тоа е парче од Македонија, место за духовно обединување, за заедничка радост.

„Црквата се покажува како еден фактор кој ги обединува македонците, место каде ќе можат да се сретнат и со нашите луѓе, каде што ќе можат да ја реализираат и својата духовна жед, но и да запознаат многу повеќе луѓе, да им се отоворат многу повеќе можности за нивно снаоѓање и адаптирање во овие услови“, додава митрополит Пимен.

Мирче Филипоски е горд на сработеното  и вели сите заедно даваме јасна порака дека овој храм е столб на македонското постоење.

„Џабе ни е се ако не изградиме црква. Ние сме тука пораснати, ние сме тука образование, имаме тука пријатели- мрежа на функционирње. Мораме тоа да го искористиме и да изградиме свој храм“, вели Мирче Филипоски, почесен конзул на Република Македонија во Маинц.

Лена и Јана се родени во Гермнија, со гордост велат ова е наша црква.

„Иако сме ние родени во Германија, нашите баба и дедо се родени во Македонија. Затоа е ова нашата црква, и затоа е многу важна“, велат Лена и Јана.

Македонската црква во Маинц била формирана 1989 година. До денот на изградбата на храмот македонците се собирале во изнајмена католичка црква, за во 2009-та да биде ставен камен темелник.

 
Јулијана Тануровска

Извор: МРТ