- Мислев како дете дека Дивиот Запад е само на филм и во стрип некаде далеку во американските пустински градови пред век и кусур, а тоа да ти било реалност, запустевме од политика секојдневно соочувајќи се со објави на жив или мртов. Како бандите од Њујорк сме станале. Слава Му на Бога што во Него сме сите живи, ама Го изневеруваме, а сето време на Него се повикуваме, Он не бара ништо од нас за откуп и искупување бара да си помогнеме со покајание и со љубов и милост кон ближниот, е тогаш ќе Го откриеме и онаму каде што сето време е, во срцето.

- Не сакам да сум политичар, а можеби и сум...други нека кажат, јас да кажам како се чувствувам, а сакам и себе да се повикам на измирување, оти пустиње в душа, па барем Господ нека не' води.

- Христос бил меѓу политичари фарисеи, садукеи, богати и сиромашни, а сепак само го проповедал Царството Божјо,покајанието не чини ниту грош, а кога го имаш си најбогат во душата.

Извадок од фејсбук страната на: отец Горан Стоевски