НИЕ МОРАМЕ ДА СЕ МОЛИМЕ ЗА СИТЕ - св. Силуан Атонски


"Еден еремит, кој - со очигледно задоволство - тврдеше: Бог ќе ги казни сите атеисти. Тие ќе горат во вечниот оган. Очигледно изненаден, старецот му одговори: Кажи ми, ако отидеш во рајот и, погледнувајќи надолу, здогледаш некој што гори во пеколниот оган - дали ќе се чувствуваш среќен?

Тука не може да се помогне. Тоа е негова лична грешка - возврати еремитот.

Старецот му одговори со тага на лицето: Љубовта тоа не може да го поднесе, ние мораме да се молиме за сите".

И, ние треба да сме со натажени лица како старец Силуан за сите коментари деновиве и постојано по социјалниве мрежи.

 

Преземено  од фејсбук страната на: о.Горан Стојчевски

12.05.2015