image

На 10. 05. 2015 година, Недела 5- та на Самарјанката, Св. ап. Симон брат Господов, епископ Ерусалимски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од МПЦ – ОА, по повод 70 годишниот Јубилеј од одржувањето на Првиот Црковен – народен собор во месец Март 1945 г. во Скопје, го освети новоизградениот храм, на стари темели, посветен на Покровот на Мајката Божја – Пресвета Богородица, во Ново Село - Штип, ктиторско дело на г. Сашо Миладинов со неговото семејството.

 


По осветувањето Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајна пригодна беседа и повика на едниство и љубов помеѓу сите луге за престанок на случувањата во Куманово . По чинот осветувањето и литургијата, ктиторот г. Сашо Миладинов на свечен начин ја предаде новоизградената црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. За оваа големо ктиторско дело, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликуваше со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ кој орден му беше предаден од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и на проектантот инж. арх. Јордан Лунгуров му додели Благодарница. Митрополитот Брегалнички г. Иларион му се заблагодари на Духовниот Татко на Нацијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и на ктиторот г. Сашо Миладинов. Ктиторот г. Сашо Миладинов од свое лично име Им заблагодари на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и на сите кои работеа на изградбата и обновата на овој велелепен храм.

Извор: Брегалничка епархија