Што значи измирување со Бога, со ближниот и со себе во Црквата, тоа е покајание. Тоа ни недостасува, покајание, сакале тоа да си го признаеме или не. Тој што не се измирил со себе и не се спознал во слабоста своја нема да може да се измири со ближниот свој, а кој не се измирил со ближниот нема да може да се измири со Бога, а од измирувањето со Бога зависи и нашето учество во Животот. Љубовта е полнота на покајанието или измирувањето во тој благословен ред во Црквата, а непокајанието раѓа неред и смрт.

Христос Воскресе.

о.Горан Стојчевски