Не мисли дека можеш брзо да се научиш на духовен живот; тоа е уметност над уметностите; не само теорија, но и практика е потребна, а во неа ќе има многу и препнувања и станувања. Пишуваш дека срдечно те заболело моето изобличување, што „дури во глава те удрило“. Тоа треба да ти го покаже твојата немоќна состојба, која ќе се исправи со самоукорување и смирение. Ако само те галам по глава, каква полза ќе имаш од тоа?

Преп. Макариј