На YouTube каналот на Кумановско-осоговската епархија е поставен видео записот со превод од втората епизода од документарниот циклус „Човекот пред Бога“ на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Волоколамски г. Иларион Алфеев, насловена: „Икона“. Како што претходно објаснивме, секоја епизода од серијалот претставува подвижен и илустриран водич за храмот и неговата архитектура, иконите и светителите, богослужбите и црковните празници, светотаинскиот живот и православен обред.

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=iwZbKG46Ftk

Преводот е достапен со клик на копчето CC.

Напомена: Авторските права на видео и аудио материјалите им припаѓаат на авторите и реализаторите на ТВ серијалот, и Кумановско-осоговската епархија не полага никакво право врз нив.

Извор: http://koe.mk/covekot-pred-boga-2-epizoda-ikona/