P1150449

 

08/04/2015  

На 07.04.2015 г, кога го празнуваме Благовестието на Пресветата Богородица, во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение со митрополитите Тетовско-Гостиварскиот Јосиф и Кумановско-Осоговскиот Јосиф, и епископот Хераклејски Климент, заедно со свештенослужителиот од истиот храм, отслужи божествена Литургија, на која го објави чудото кое се случило со иконата на св. Никодим Прилепски.

P1150431

Иконата на Свети Никодим Прилепски и Тимански почна да мироточи. Станува збор за икона која е копија на иконата зографисана во Зрзевската иконописна школа, од страна на монахот Тихон. Копијата е изработена од страна на чтец Стеванче Тодороски, прислужител во храмот св. Благовештение. Мироточењето е забележано на 30.03.2015, а на Цветници почна да благоуха – се работи за неколку капки, кои во почетокот беа мали, но со текот на времето се зголемуваа сè повеќе и повеќе. Ова е прва икона на преподобниот Никодим Прилепски и Тисмански, која мироточи во градот Прилеп. Благата вест за мироточењето на иконата, пред верниците, беше објавено на храмовата слава од страна на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско – Пелагониски г. Петар. Со светата Божествена Литургија чиноначалствуваше митрополитоп г. Петар, во сослужение на митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф, митрополитот Кумановско – Осоговски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент. Веднаш после литургијата иконата беше поставена во средината на храмот, пред која се поклонија најнапред свештенослужителите, а потоа и многубојниот народ.

 

P1150309P1150338P1150350

P1150373P1150351P1150378

P1150359P1150387P1150410

P1150438P1150460P1150463

P1150471P1150449P1150474

 

Известува: богослов Дамјан Трпкоски