Свети Силуан Атонски

Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро. Оној кој зборува против молитвата, тој очигледно никогаш не вкусил колку е благ Господ, и колку многу нè љуби. Од Бога не доаѓа зло. Сите светии непрестано се молеа. Тие ниту еден миг не останувале без молитва. Душата, губејќи го смирението, заедно со него ја губи и благодатта, и љубовта спрема Бога, и тогаш се гаси огнената молитва. Но кога душата ќе се смири од страстите и кога ќе го стекне смирението, тогаш Господ и ја дава Својата благодат. И тогаш таа се моли за непријателите како за самата себе, и за целиот свет, се моли со врели солзи.

Скопје, 3-ти април 2015 год.- храм на св. Петка

На празникот на Свети Јаков, епископ и Исповедник, во храмот на св.Петка, во скопската населба Црни   

 

 

 

 

Друго:

 Денес, Благица радосно не потсети на нејзиниот личен јубилеј- веќе 20 години, таа секојдневно е учесник на  певницата во св. Петка. Молитвитвено и љубовно споделува се.Честитки од сите нас и голема благодарност.