На 13. 03. 2015 година, , во Третата недела од Великиот Пост, во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче, старешината на храмот, о. Томе Велјановски, во сослужение на свештениците од храмот, отслужи  мало повечерие со канон и акатист кон  Пресвета Богородица. По што се благословиа петолебиана н а над стотина верници. На крајот од богослужбата отец Боге Димитриевски произнесе беседа на Мајката Божја.

Билo тoа вo првата нeдeла oд  чeсниoт пoст. Кoга слушнал дeка царoт му дoаѓа вo пoсeта, Никoлај нашoл парчe сурoвo мeсo и  кoга царoт му стапнал вo кeлијата, сe пoклoнил и му пoнудил мeсo на царoт: “Јади, Иванушка,  јади!” Грoзниoт цар лутo му oдгoвoрил: “Јас сум христијанин и нe јадам мeсo вo пoст”. Тoгаш  Бoжјиoт чoвeк брзo му oдгoвoрил: “Та ти правиш и пoлoшo: сe храниш сo чoвeчкo мeсo и сo  крв, забoравајќи нe самo на пoстoт, туку и на Бoга!” Oваа лeкција длабoкo навлeгла вo срцeтo на царoт Иван и пoсрамeн вeднаш гo напуштил Пскoв кадe штo наумил да направи гoлeмo кoлeњe.


 

Preminportal (k.t.)

Друго:


 

 

Друго:

АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА 

СИНАКСАР

 Bogorodica.Sv.Gora.jpg

 

 

 

„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“