Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се спротистави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота, чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на сопствената волја.

Требало Тој да се искачи, да го досегне нејзиниот врв и да биде воздигнат на прославениот и за демоните страшен Крст, да го покаже совршеното и апсолутно послушание и да се здобие со непропадливиот венец на вечната слава. На тој начин се здобиваме со воскресението на душата, а не со самоволно колебање меѓу послушанието и непослушанието. Нема да стекнеме венец така, туку со драговолно жртвување. Сите пречки се совладуваат со цврстата решеност попрво да се умре одошто да се изневери должноста на послушанието.

Старец Ефрем Филотејски