Скопје, 27-ми февруари 2015 год.- Соборен храм


На 27 февруари 2015 година, во петокот од првата седмица од Великиот Пост, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го слави споменот на  Преподобен Авксентиј,  † Упокоение на св. Кирил Солунски; во Соборниот храм св. Климент Охридски, во Скопје, старешината на храмот отец  Сашко Николоски отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

 

 Старец Паисиј Светогорец

Колку човекот станува подуховен толку помалку права има во овој живот. Должен е да трпи, да ја прима неправдата, да ги прима лошите зборови од другите. Еден никаквец (расипан човек) којшто е далеку од Бог има многу повеќе права: да напаѓа и да вика и да постапува неправедно. Нашите права Господ ни ги задржува за другиот живот. Иако го знаеме тоа, ние сепак често си ги бараме своите права овде. Ајде да не ги нарушуваме нештата ни малку. Ако некој нешто ни рече, веднаш му кажуваме што е право. А потоа мислиме дека веруваме во Бог. Тоа е вистинска смешка. Човечката правда на духовниот човек не му значи ништо, а има големо значење за една изопачена личност…

 

Преминпортал (к.т.)