Тоа што многу силно ме растажува е нехристијанското срце, лошото срце, кое не сака да прости. Срце кое Му се противи на Бога, зашто не сака да прости и нема намера да простува, од една страна има дрскост и понатаму да ја изговара молитвата Господова; „....И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги простуваме на нашите должници...,“а од друга, со срцето и умот војува со ближниот.

Кога тоа кај вас го гледам, толку се депримирам, што ништо не ми се смилува, зашто надворешната форма не му е никому потребна, а камоли на Бог. Тогаш, секогаш ми доаѓа оваа мисла на ум – Значи, се` уште не сфатиле дека сета тајна, сета срж  на христијанството е – да се прости, да се оправдува, да не се знае за зло и да не се памети. Не гревот, туку злото!  Пијаницата, блудникот, горделивецот, ќе стекнат милост Божја, но оној кој не сака да прости, сосема свесно се потиснува себе си  пред Бога за век и веков, а за сегашниот момент и да не зборуваме! Тој бидува отфрлен и неуслишан...

Гордиот човек е неспособен да простува. Тој не сака да прости, па прашува  - Зошто другите може да не простуваат, па сепак се молат и примаат Причест? Зошто инсистирате токму јас да простувам, па дури тогаш да се исповедам и причестам?  Тоа е гордо, нехристијанско самољубие,  кога некој не сака и нема  намера да проштева и да љуби...

Превод: Мина Даниловска

https://istinoljublje.wordpress.com/2014/02/11/%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%9A%D1%83-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%86-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D1%81%D0%BE%D0%BD-%D1%81%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%81/