„Приведувајќи ја во постоење умната и разумната природа, Бог според Неговата највисока добрина на сите созданија им ги предаде четирите Свои својства што ги одржуваат, чуваат и спасуваат: постоење (битие), бесмртност (вечно битие), добрина (благобитие) и премудрост.

Првите две ѝ припаѓаат на природата, а вторите две на слободната волја. Значи, на природата ѝ е подарено постоењето и бесмртноста, а на слободната волја добрината и премудроста за она што е Бог по Својата суштина созданието да биде по благодат. Затоа се вели дека сме создадени според образот и подобието Божјо. Според образот, значи, како битие на Оној Кој Е и како бесмртно битие на Оној Кој вечно постои, иако не и собеспочетно, туку според бесконечноста; а според образот на Неговата добрина и според подобието на Неговата мудрост.

Првото е по природа, а второто по благодат. Секое разумно битие е создадено според образот Божји, а според подобието само добрите и мудрите.“

Св.Максим Исповедник

Извор:

фејсбук страна на Violeta Teacher-lingva