Според индексот за душевно и духовно здравје сме на дното. Има една конзилијарна светоотечка рецепта еве ја и електронски:„За да се очисти срцето, во него мора да се внесе одреден лек. Тој лек е молитвата.„ - старец Ефрем Филотејски. Се повторува најмалку 3x33 пати како Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/ата. Нашите претци ја практикувале редовно со лекот на бесмртноста - Причеста и „пукале„ од духовно здравје затоа сме се додржале. Денес сме на надрилекарства, и од пустошот духовен, пуста ни е и состојбата душевно и телесно.

Попатно сите имаме трошоци, но по Патот (Христос) од раѓањето до смртта ги имаме само делата, но не оние од уста и со алчност, туку оние од срце со милост. На митарствата Судијата ќе одлучи каде и како сме возеле по Патот.

 

Извор:

Фејсбук стана на о. Горан Стојчевски