Со верата и цркават секаде!Митрополитит Пимен Европска  на Богојавление со македонците во Италија


Да бидеме заедно и во овој голем ден за христијанството, иако не сме со нашите во татаковината сепак не се двоиме од црквата и традиција, ова е дел од празничната проповед на  Митрополитит европски неговото Високо Преосвештенство г. Пимен на денешната Богослужба .
Црковната општина Свети Архангел Михаил од Неиве Северна Италија , традиционално секоја година на Богојавление ги собира македонците кои живеат и работат во овој регион.

По одржаната Света Архиерејска Божествена Литургија во Црквата Свети Архангел Михаил на која чиноначалствуваше Митрополитот европски г Пимен заедно со парохискиот свештеник отец Михајло Матевски се одржа осветување на водите на реката Танаро.

 Ние сме заедно и благодарение на Црквата која како матица не собира каде и да сме и овој ден го направивме според сите обичаи, вака велат македонците кои живеат и работат во овој регион во Италија.
Крстот во водите на реката Танаро го спушти Митрополитот европски г. Пимен а овие Водици најмногу среќа и здравје ќе му донесат на Дејан Ристов.
Тој заедно со 17 македонци кои живеат во Неиве се фрлаше по крстот!
Во овој регион во Италија жиеват околу десет илјади македонци а Црковните општини Свети Архангел Михаил и Свети Прохор Пчински живеат здрав и полн црковен и духовен живот.

 

 

 

 

   

 

 

 За Преминпортал: Јулијана Тануровска