На 18.01.2015 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија во Недела пред Богојавление, го прославува споменот на  Водокрст; Преподобната мајка Синклитикија; Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона; Светиот пророк Михеј I и  Преподобна Аполинарија,  протоереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Гоце Постолски, отслужи  Златоустова Литургија во храмот посветен на св, Пророк Илија во скопската насејба аеродром. По Литургијата отецот произнесе празнична беседа  По Литургијата беше извршен Богојавленски водосвет.



Старец Паисиј Светогорец

Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби и нешта, што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи ѝ на Црквата” (Мт. 17, 18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква. Добрите деца никогаш не ја обвинуваат својата мајка. За жал, многумина од оние што се плиткоумни им даваат неисцрпен воен материјал на еретиците, така што цели православни градови и села ги заземаат јеховините сведоци и го шират своето мисионерско дело.



 

Друго:

Малечката Алисија (4 годинки и пет месеци), со минимална асистенција, ја  услика, доста успешно,  својата мајка.

Се разбира, љубовта кон фотографирањето е присатна.

 

Преминпортал (к.т.)