Скопје, 16-јануари 2015 год.- храм на св.вмч. Димитриј на празникот на светиот пророк Малахија

 

 

Во триесет и првата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на светиот пророк Малахија и
светиот маченик Гордиј, отец Томе Атанасовски  отслужи Утрена Богослужба со Царски часови.

 

 

 

 

 

 

 >Старец Паисиј Светогорец

Во Црквата не треба да создаваме проблеми, ниту да ги преувеличуваме малите човечки престапи што се случуваат, за да не создадеме поголемо зло, па лукавиот да се радува. Оној што заради незначителен престап, многу се потресува и гневно и грубо се однесува, наводно за да поправи нешто, личи на лесноумен клисар, кој гледајќи како капе една свеќа грубо и со залет се стрчува за да ја исправи, а патем ги турка луѓето и ги урива шанданите создавајќи голем неред за време на богослужбата. За жал, во наше време имаме многу такви што ја потресуваат Мајката Црква. Оние што се образoвани се фатија за догмата со својот ум, а не со Духот на Светите Отци. Неуките пак, се фатија за догмата, но со заби, и затоа кога разговараат за црковните теми крцкаат со забите така што прават поголема штета, отколку непријателите на Православието.