На 15.1.2015 година ,  по повод празникот на свети Серафим Саровски, големиот чудотворец, презвитер Игор Калпаковски во сослужение на ѓакнот  Јане Илиев, отрлужи Божествена Литургија во храмот св. Петка, во скопската населба Црниче. По тој повод беа  донесени  свети мошти на баќушка  Серафим, како и копија од чудотворната Курско-Коренска икона на Богородица. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. Накрајот на Литургијата отецот произнесе беседа за св. Серафим Саровски, и верниот народ прими помазание од елејот на светителот.

sv.S.Sarovski3.jpg

Преподобен Серафим Саровски

Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

 

Преминпортал (к.т.)