Скопје, 14-ти јануари 2015 год.- храм на св. Јован Крстител во н. Аеродром

 

bogorodica.k.dol.jpgСвети Василиј Велики, архиепископ Кесариски

Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква - Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

  Во триесет и првата   недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на Обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски , во храмот на св. Јован Крстител, воскопската  населбатаво  Аеродром,, свешеникот Диме Малинов во сослужение на ѓаконот Ванчо Умленски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Ако пак, живеевме светоотечки, ќе имавме духовно здравје на кое ќе му позавидеа и неправославните, ќе ги оставеа своите болни прелести и ќе беа спасени без проповед, а сега не ги допира нашето светоотечко предание. Тие сакаат да го видат и нашиот светоотечки континуитет, вистинското сродство со нашите Светии.

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

Друго:

obrezanie

 14/01/2015   Поуки - совети

Обрезанието на деца од машки пол е древен обичај, извршуван од повеќето источни народи, во различно време. Во старозаветната епоха обрезанието било востановено како симбол на Заветот, склучен помеѓу Бог и патријархот Авраам и неговите наследници ( Бит.17:12; Лев.12:2 – 3 ). Исполнувајќи го барањето на старозаветниот закон, Господ Исус Христос бил обрезан во осмиот ден по Неговото рашѓање ( Лука 2:21 ).

Празникот Обрезание Господово е еден од древните празници на Источната црква. По префрлањето на Рождеството Христово од 6 јануари на 25 декември бил преместен осум дена по него – 1 јануари. Дотогаш некои цркви првиот ден од годината го сврзувале со строг пост, против новогодишните торжествени прослави на незнабошците ( јазичниците ). Според некои истражувачи не станува збор за новогодишните прослави, туку за празнувањето на незнабожечкиот бог Јанус.
Во определени периоди празникот Обрезание Господово бил вбројуван кон дванаесетте големи господови и богородични празници. Од 5 век до нас достигнало „ Слово за Обрезанието Господово “, кое му се припишува на Константинополскиот архиепископ Прокло ( †446 ). Како постоечки празник Обрезание Господово се споменува во еден Лекционар ( ЛекционариЙ ) од 546 година и во делата на соборот во Тур во 567 година.

ЛИТУРГИКА, Архимандрит Авксентиј
превел богослов Дамјан Трпкоски

Преспанско- пелагониска епархија