Известување
По повод празникот на свети Серафим Саровски, големиот чудотворец, на 15.1.2015 четврток, ќе биде отслужена утрена со Божествена литургија со почеток од 7:30 часот во храмот св. Петка во Црниче. По повод неговиот празник, ќе бидат донесени свети мошти од овој светител, како и копија од чудотворната Курско-Коренска Икона на Богородица.
На крајот на литургијата ќе биде благословен и прекршен празничкиот колач.
Се покануваат православните верници да дојдат и да земат учество во празнувањето на овој ден.