Свети Пророк Илија — главната црква во Стар Дојран. Таа претставувала катедрална црква на разрушениот град Дојран.

Историја

Црквата е изградена во 1848 година година со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште. Требала да им служи на сите дојрански христијани, но место тоа, станала јаболко на раздорот. По самата изградба, турскиот султан со указ ја дава на користење на грчките попови, односно на грчката патријаршија. Бидејки дојранските верници не го разбирале грчкиот јазик побарале од султанот да им ја даде на управа ним, односно богослужбата да се врши на словенски јазик. Султанот гледајки ја желбата на 2/3 од христијанските семејства во Дојран, со посебен указ црквата ја дава на Егзархијата како бугарска црква. Бугарскиот јазик како словенски јазик бил поразбирлив и поприфатлив за верниците, но не било реткост поповите богослужбите да ги служат и на македонски јазик. Губејки ја црквата, грчката патријаршија за потребите на своите верници, западно од таа црква, преку рекичката, изградиле нова црква „Св. Ѓорѓи“ во 1911 година која меѓу народот се нарекува „Грчка црква". Духовната поделеност на дојранчани ке живее се до рушењето на градот за време на Првата светска војна поточно до 1916 година, кога и црквата е комплетно разрушена

Со горењето на црквата изгорел голем дел покуќнина и богатство на дојранчани. Црквата Св. Илија со својата должина од 30 метри, широчина од 20 метри и висина од 10 метри претставува вистинска архитектонска убавица на овие простори во Македонија. Со своите 600 м2 внатрешен простор и на два спрата можела да собере околу 600 верници. Градителите ја удостоиле со „акустични" стомни кои се гледаат во самите ѕидови од црквата, симетрично подредени како по висина така и по должина.

 

Реставрација

црквата на св. Илија, прва фаза од реконструкцијатацрквата на св. Илија, пред почетокот од реконструкцијатацрквата на св. Илија, прва фаза од реконструкцијата

Во 2003 година започната е комплетна реконструкција на црквата со цел да се врати некогашниот сјај на истата, а и самите жители на Стар Дојран и туристите да имаат можност да посетат достоен храм.[2] Се предвидува обновата да заврши во 2016 г., на стогодишнината од нејзиното бомбардирање.
Наводи

црквата на св. Илија, сегашна фаза од реконструкцијатацрквата на св. Илија, сегашна фаза од реконструкцијатацрквата на св. Илија, сегашна фаза од реконструкцијата

    Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
    „Донација за соборниот храм во Стар Дојран“ (на Македонски). МПЦ - ОА. конс. 16 мај 2013.

Цркви во Општина Дојран
Macedonian 
„Св. Илија“ (Стар Дојран)  • „Св. Ѓорѓи“ (Стар Дојран)  • „Св. Марија Магдалена“ (Стар Дојран)  • „Св. Царско Семејство Романови“ (Стар Дојран)  • „Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“ (Стар Дојран)  • „Св. Ѓорѓи“ (Нов Дојран)  • „Св. Ѓорѓи“ (Николиќ)  • „Пресвета Богородица“ (Фурка)

 

 

Извор:

-Струмичка епархија

-Википедија