Залудодно е да се кажува: случајно!

Залудно е да се вели: суеверие!

Настаните се настани. Фактите се факти. Дали можат да се објаснат или не, фактите остануваат факти.

Залудно е горделиво да се кријат очите во песокот на науката. Вселената е и премногу голема за тесните рамки на науката.

Залудно е да се натрупува се што е необјасниво и чудесно под архивските броеви на телепатијата, халуцинацијата, сугестијата и автосугестијата.

Незнаењето не се објаснува со незнаење. Фактите не можат да се сметаат за објаснети, ако им се стави некое елинско име; ако се стават под рубриката на некое фантастично незвање. Па уште да се утврди бројот на тие рубрики, и да не се дозволи создавање на нови - има ли нешто понеблагодарно во човечкиот род?

Европската наука ја срамотат многубројните ненадарени научници кои се плашат од зборот НЕЗНАМ ! Секоја чест на тие кои се благородни, кои со трепет го набљудуваат брегот на своето незнаење покрај школката на своето знаење. Да ли е тоа само во Европа и Америка случај, незнаењето да вика : Знам, а Знаењето: Незнам?

Владика Николај Велимировиќ

Порготви: Преминпортал (С.С.)