Picture

  •   Добро е ако умееш да ги разликуваш основните и второстепените гревови. Доколку не умееш, научи! Тоа е многу важно. Мораме да знаеме поради што најмногу треба да чувствуваме сокрушеност и што треба да поправаме. Еве на пример, ако сме расеани за време на молитвата, доколку во храмот на напаѓа дремка или ако сме невнимателни, ако дури и не не интересира читањето на Светото Писмо - сето тоа се случува поради маловерието и недостатокот на љубов кон Бога, или поради мрзливост и безгрижност.

    Доколку за време на богослужбата шетаме низ храмот, разговараме или се буткаме, ако кон Крстот или Плаштаницата приоѓаме без свештен страв, задржувајќи ги оние кои стојат зад нас или ги туркаме оние кои се пред нас, или чекајки да земеме од Богојавленската вода или вода од мал водосвет не стоиме во редот туку се буткаме таканаречено преку другите глави - тоа значи дека во нас нема страв Божји и љубов кон ближните.
     Доколку се грижиме за домашното уредување, тоа значи дека сме суетни.

  •     Доколку премногу на срце ги ставаме нашите неуспеси во секојдневниот живот, ако тешко ги поднесуваме разделбите, неутешно патиме за починатите, тоа ни кажува дека не веруваме во промислата Божја. Во нас има самооправдување, нетрпеливост кон прекорувањата, тврдоглавост, но тоа што е важно е да се согледа врската со самољубието, себељубието, вообразеноста и гордоста, односно на овие основни гревови да им се обрне внимание.

    Постои добро средство  кое не доведува до познание на сопствените гревови - треба да се сетиме за што не обвинуваат луѓето, посебно оние кои живеат околу нас и ближните. Нивните прекори и напади речиси секогаш имаат основа.
    Кога се самоиспитува човекот не треба да западне во претераност кон секој свој чекор. Доколку тргнеме по тој пат можеме да го изгубиме чувството за важното и неважното. Во тој случај треба да го оставиме испитувањето и да се молиме за прошка и за просветлување на душата.

  •     Подготовката за исповед не се состои во подетално сеќавање, туку пред се, искрено да станеме свесни за својата вина, за своето покајание би го довеле до сокрушеност на срцето и ако е можно да ги пролееме покајните солзи.


                                                                                                     Превод: ѓакон Димитар Арсовски
                                                                                                                         Извор: svetosavlje.org

Преземено од: БОГОПОДОБИЕ