__-__-_Copy

„Православниот пат“ е ново издание на Скопската епархија, чиј автор е Митрополитот Калист Вер. Авторот во оваа книга ги покренува основните прашања на богословието: Бог скриен, но во исто време и објавен; проблемот на злото; природата на спасението; значењето на верата; молитвата, смртта и сè што следи потоа.

Јас не седам. Јас патувам. Секој христијанин може да

ги примени овие зборови на себе. Да се биде христијанин

значи да се биде патник. Нашата положба, говорат грчките

отци, е како онаа на Израелскиот народ во Синајската

пустина: живееме во шатори, а не во куќи, зашто, духовно

гледано, секогаш сме во движење. Ние сме на патување

преку внатрешниот простор на срцето, на патување кое не

се мери со часовите на нашиот часовник или со деновите

на календарот, зашто тоа е патување надвор од времето во

вечноста.

Од Прологот на книгата

Извор: Скопска епархија