Zoran.S.jpg

  Скопје, 30-ти ноември  лето Господово 2014- храм на св. Јован Крстител во н. Аеродром

Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

  •  Денес, во дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски и Преподобен Никон Радоњежски , во новоизградениот храм на св. Јован Крстител, во скопската населба Аеродром,  протоереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Ванчо Умленски, отслужи Божествена Литургија. . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе „ Беседа за благословот и послушанието.“

Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

  Zoran.S.jpg




 

Zoran.S.jpg

  Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

  протоереј Зоран Стаменковиќ-

 Беседа за благословот и послушанието

  • Што значи Благослов? Во точен превод тоа е Благо слово (Благ збор) кое носи во себе Божанска сила, која се нарекува Благодат. Отфрлениот (непримен) Благослов е отфрлена (непримена) Благодет. Тоа е внатрешно спротивставување на Бога, тоа е тајна борба на човековата воља против Божанската воља и затоа отфрлениот или од заборавеност неисполнет Благослов бидува препрека и камен за сопнување на патот човеков. За неисполнување на Благословот следува казна која може да биде брза или може да настапи за неколку години. Но, порано или подоцна таа ќе настапи. Таа може да се појави во различни форми. Во несреќи, болести, ненадејни морални паѓања и најстрашно што може да се случи, ладење за духовниот живот и состојба на внатрешно мртвило.

Додека послушноста, ја сече отровната глава на змијата – гордоста која се собрала во длабочината на човековото срце, тоа е непослушност – храна со која се храни – освојувачот на човечките души ѓаволот.
Непослушноста е поле на кое растат отровни растенија – самоувереност, празна слава, високо мислење и властољубие. Тоа ги гуши и умртвува цветовите на покајанието и молитвата. Зборувајќи со современиот јазик, човекот преку непослушноста го програмира сопственото паѓање. Затоа духовниците во последните години многу внимателно давале Благослов, плашејќи се дека тој нема да биде исполнет и тогаш непослушноста го отфрла човекот од Христа.

  • Сакам да нагласам дека духовникот не е астролог кој ја погодува иднината според ѕвездите. Тој чувствува што е потребно за спасение на човекот, а во некои случаи и за неговата земна благосостојба. Но, тој воопшто не е должен да ги решава сите животни прашања и проблеми, посебно во наше време кога лагата и лицемерието за човекот биднаа вообичаени норми во животот и взаемен однос меѓу луѓето. Духовникот не може да благословува духовно чедо да биде лицемер, да зборува невистини и така натаму, а во некои случаи кога ја бара од него вистината, како да даде Благослов за маченички подвиг, но немаат сите сила да го исполнат.

Помеѓу духовникот и ученикот биднува невидлива духовна врска. Кога човек ќе го послуша духовникот, овој не го заборава, туку се моли за него. А ако не послуша, тогаш како неговото име како да се брише од сеќавањет на духовникот и тој испаѓа од молитвата. Затоа од духовниот живот на ученикот од учителот не го одвојува далечината туку непослушноста.

  • Тука се заборава она најважното –дека духовникот е патоводител кон Бога и е должен да утврди и какви прегради стојат меѓу човековата душа и Бога и да помогне тие да бидат совладани. Значи учителот не е даден поради духовното развлекување, односно разоноди, ниту за угодување, ниту поради дружење или пријателство, туку поради спасение. Искрениот послушник секогаш е со духовникот иако е одвоен од него илјадници километри.

Современиот живот го учи духовникот да биде внимателен и грижлив – да постапува со послушноста како со остер нож. Секој материјал има своја мерка на цврстина и ако го пречекориме оптоварувањето, лесно се крши или пука. Затоа треба да водиме сметка за очувување на човечката душа.
Постои закон на духовен живот. Молитвата на духовниот учител има посебна сила за оној кој е послушен.
Оној кој е послушен не е задоволен од себе во смисла да секогаш ја смета својата послушност недоволна, тој во неа забележува многу грешки и недостатоци кои треба да ги исправи и да види како во чистиот поток на послушноста се влева матнина на неговото самоволие и гревови.

  • Како и сите добродетели, самото послушание нема крај и граници, и нејзе и е отворен патот кон постојано усовршување. Но има луѓе кои зборуваат за своето благотворно послушание, како пред себе и другите се фалат со своето делување при кое што само пристапиле, бидејќи како да завладеале со таа добродетел и го исполниле подвигот на самоодрекување. Не гледајќи ги своите гревови и несовршености, тие луѓе одеднаш паѓаат, отфрлаат секоја послушност и го напуштаат својот духовен отец кому огнено се заколнувале во верност, или пак постепено почнуваат да ги кријат од него своите гревови и да поминат на млако лицемерие.

Вистинскиот послушник чувствува радост кога ја пресекува својата воља, но во исто време гледа дека не ја одсекол до крај и да во иднина му предстојува многу труд.
Вистинскиот исповедник ја доживува како губиток ако и малку, само малку ја изневерил вољата на духовникот, и се кае за тоа како за свое паѓање.

 

  Zoran.S.jpg

  Zoran.S.jpg

Zoran.S.jpg

  Zoran.S.jpg

 Zoran.S.jpg


  • 30-ти ноември, лето Господово 2014