Денес, на 6 јули 2007 година, во Охрид се одржа карате семинар „Охрид 2007“ за стилот Kaze-Ha Shotokan Riju, којшто го водеше Мирче Опелоски, карате мајстор VI дан.


На натпреварувачите во борби и во кати медалите им ги подели Митрополитот Струмички г. Наум, којшто е активен карате мајстор III дан.


Потоа на учесниците на семинарот Владиката им се обрати со поздравно слово во коешто кажа дека телесната борба е само вовед во духовната, бидејќи телесната борба е краткотрајна, а духовната борба ја водиме до крајот на нашиот живот и нејзина цел е Царството небесно. На семинарот учествуваа каратисти од Србија и Шведска.