strumica.krstopoklona.jpg


На крстопоклона недела, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во параклисот на свети Григориј Палама и светиот старец Јосиф Спилеот во манастирот на Покров на Пресвета Богородица во Водоча.

 

strumica.krstopoklona2.jpg

strumica.krstopoklona3.jpg  

 

Човекот којшто по пат на подвижништво го умртвува своето сетило за вкус, којшто своите чувства ги лишува од сите овоземни наслади и којшто докрај стои наспроти влијанијата на властите на овој свет, ќе го прими уште овде, во овој живот, предвкусот на добрата на Царството Небесно: спокојството на помислите, мирот на срцето, слатките потоци на солзите, вознесувањето на умот, познанието на таинствата, преизобилството од љубовта, созерцувањето на Бога и совршенството, “колку што ѝ е тоа возможно на човечката природа“. Сето тоа е можно по пат на една систематска, постојана, упорна, неотстапна борба за умствената молитва. Меѓутоа, за Бог да го чуе ова непрестајно умствено богомислие, мора да се исполнат условите на монашкиот и воопшто на христијанскиот духовен живот, кое пак, за возврат, ќе ја помогне молитвата.

Што се однесува до монасите, од нив се бара непоколебливо послушание во однос на Старецот, којшто е видлива икона на Христа - Спасителот. Што се однесува до сите христијани, од нив се бара да ги устројат своите животи согласно на советите на духовните отци и да бидат покорни на каноните на Едната Света Православна Црква за да не скита поединецот по свој сопствен пат од желби и копнеења. Впрочем и Светото Писмо ни советува да бидеме внимателни.

(старец Ефрем Филотејски)
 

Посети:{moshits}