Чествување на светитот маченик Спасо Радовишки, заштитник и патрон на Радовиш и ракоплагање во ѓаконски чин (21.08.2014 20:16)



На 21. 08. 2014 година на празникот на светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот на Света Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со надлежниот архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерјска Литургија, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. Пред Светата Литургија Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф го произведе во ипоѓакон богословот и дипломиран теолог чтец Константин Донев од Радовиш, а на Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го ракоположи во ѓаконски чин. На крајот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион му се заблагодари на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф за отслужената Света Литургија во Брегалничката епархија. На Светата Литургија пееше патријаршискиот хор „Свети Јован Кукузел“ од Бугарската Православна Црква. По ова Митрополитите г. Јосиф и г. Иларион го посетија манастирот посветен на свети великомаченик Георгиј во с. Ораовица – Радовиш, каде и присуствуваа на заедничката празнична трпеза на љубовта по повод патронот и заштитникот на градот Радовиш ‒ светиот маченик Спасо Радовишки.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Брегалничка епархија