VIII МОЈА Семинар во манастирот на свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн

 







 

 

Во сабота на 26-ти јул, по молитвите на Св. Архангел Гаврил, (на чиј ден) и на патронот Св. Прохор Пчински,( во чиј манастир) и оваа година, традиционално се оддржа осмиот по ред MOYA семинар. Семинарскиот ден започна со молитва на Светата Литургија во присуство на владиката Петар и со Света Причест, за потоа благословено да се продолжи со планираните презентации.

 



Темата што се обработуваше беше мошне актуелна и привлечна за присутните. Имено, се зборуваше за православниот поглед кон сатанизмот, околтизмот, од кои произлегуваат гатањето, баењето, магепсништвото, астрологијата и источните култови, и како тие појави го афектираат човекот кога не е духовно просветлен или под раководство на духовен отец. Прв говорник беше нашиот митрополит Петар, кој даде суштинско објаснување и историски осврт на паднатиот духовен свет, чиј предводник е сатаната, и какви се неговите методи на влијаење врз луѓето, кои не се духовно бодри и не живеат правоверен христијански живот во послушание, молитва и пост.

Отец Глигор Киселинов вниманието го насочи кон Божјото старозаветно и новозаветно предупредување против практикувањето и барањето помош преку окултистички дејства, како баење, гатање и вражање, и злоупотребата на светите предмети – иконите и крстот, со цел практикувачите на таквите дејствија да стекнат своја лична корист.
Игуменот на манастирот, отец Гаврил, зборуваше на несекојдневна тема, со којашто многумина од нас не се сретнале дотогаш. Тој описно го посочи влијанието на 25-тиот видео кадар, кој не е воочлив за човечкото око, но влијае на потсвеста. Во тој 25-ти кадар најчесто се вметнуваат симболи со окултистичка, масонска и сексуална содржина, особено во популарните музички видео клипови и во цртаните филмови за деца, со цел да се влијае на човечката психа и да ја насочи кон прифаќање на разни перверзии и сатанистички пораки. Исто така нагласи за потребата од посебната грижа на родителите врз воспитанието на своите деца и негативното влијание на современите цртани филмови и видео игрите врз правилниот развој на децата.

Последен говорник беше Аргирета Атева од организацијата на македонската православна младина на Австралија, која направи видео презентација за окултизмот во парапсихологијата. Особен акцент се стави на тоа дека можноста за комуницирање со духовниот свет навистина може да се оствари, меѓутоа е крајно опасна по животот и душата на човекот, поради тоа што непросветлен од благодатта Божја, тој може да се загуби во сатанската заблуда и да почне да живее опседнат од демонската сила. Способноста за разликување на духовните појави дали доаѓаат од Бога или од сатаната им е дадена само и единствено на просветлените односно светителите.

Од година на година, се поголем е интересот за овој Семинар, не само помегу младите, туку и возрасните за запознавање на изворната правомислие и правоживеење. Беше убаво да се видат на едно место македонци од сите возрасти. Радоста од заедничката средба, а посебно со малдите кои дојдоа од Сиднеј беше бпечатлива. На Синарот почесни гостини беа нејзината Екселенција Конзулот на Р. Македонија г-ѓата Бети Коруновска со сопругот.

Семинарот заврши со благодарствена молитва кон Бога, за тоа што ни овозможи и оваа година да се поучиме во словото на правоверието.

  

 

 

 

 

 

Извор: манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија