Malme.sv.naum.jpg

 ВО МПЦО „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“ –МАЛМЕ ШВЕДСКА СВЕЧЕНО ПРОСЛАВЕН ХРАМОВИОТ ПРАЗНИК

Malme.sv.naum.jpg

Во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, Свети Наум Охридски Малме –Шведска, со благослов на надлежниот епархиски архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, со Света литургија свечено се одбележа храмовиот празник на МПЦО „Св.Наум Охридски“ –Малме-Шведска
Malme.sv.naum.jpg

Во Средата вечерта и Четвртокот  утрото 02-03.07.2014 година, кога Светата црква го празнува празникот на Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец, во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, во Малме-Шведска, посветен на Свети Наум –Охридски во организација на Црковниот Управен Одбор и парохискиот свештеник Прота –Ставрофор Блажо Кожарски, свечено се одбележа храмовиот празник.
Свеченостите започна во Средата вечерта со вечерна Богослужба, на која се благослови и петолебие, отслужена од сатрана на парохискиот свештеник Прота-Ставрофор Блажо Кожарски.
Во Четвртокот на 03.07.2014 година, се отслужи Светата Литургија исто така од страна на  Прота-Ставрофор Блажо Кожарски, архиерејски заменик во МПЕ за Европа и парохиски свештениик во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме-Шведска, на која  ( иако поголемиот дел од верницете се на годишни одмори) присуствуваа голем број на верници не само од Малме туку и од околните места од кои голем број пристапија кон Светата тајна причест и се соединија со телото и крвта на Господ Исус Христос.
На крајот од Светата Литургија, по водосветот и благослувањето на празничните лебови, отец Блажо пред присутните произнесе празнична беседа, во која зборуваше за житието на Светителот но и за активноисти во оваа ЦО, која минатата година прославуваше 40 години од своето постоење, а како круна на сето тоа се изврши и осветувањето на храмот (19.10.2013 година).
По Светата литургија во пмошните простории во организација на Црковниот Управен Одбор на МПЦО„ Св.Наум Охридски“ – Малме, како и семејството на Јованка и Богоја Ѓорески од Малме, беше приредена заеднича трпеза за сите присутни.

Нека ни е честит храмовит празник. По молитвите на Свети Наум Господи Исусе Христе Боже помилуј не.

Malme.sv.naum.jpg

Malme.sv.naum.jpg

Malme.sv.naum.jpg

Malme.sv.naum.jpg

Фоти и текст подготви
Александра Кожарска