Arhierejska.osveten20.jpg

  ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПРВАТА РУСКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА

Arhierejska.osveten20.jpg

Arhierejska.osveten20.jpg

Скопје, 9 јуни 2014 (МИА) - Во општина Аеродром, спроти спортскиот сентар „Јане Сандански“, денеска беше поставен поставен камен - темелник за изградба на црква посветена на „Св. Троица“.
Ктитор на новата црква е рускиот бизнисмен и сопственик на спортскиот клуб „Вардар“ Сергеј Самсоненко, а осветувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Изградбата на првиот руски православен храм во Македонија, според г.г. Стефан, ќе влезе и ќе се забележи не само во историјата на Македонската православна црква, туку и во историјата на руско-македонското пријателство.
-    Веруваме дека ќе биде храм-мост, кој уште повеќе ќе ги збпижи нашите братски народи и сестрински цркви и ќе биде дел руска душа на македонската земја, рече г.г. Стефан.
Изградбата на храмот, додаде, е споменик на вековните духовни врски на пријателство меѓу Македонија и Русија, врските од преродбенскиот период до денес.

 Arhierejska.osveten20.jpg

-    Во ова наше време најмногу ни е потребна подадена пријателска рака, особено на црковен план и неоправдано ја очекуваме со голема надеж. Овој нов храм нека биде сведок и потврда на нашата меѓусебна љубов и почит, нека биде дом што ќе ја сведочи нашата заедничка вера и љубов, нагласи ариепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Самсоненко подвлече дека изградбата на руски православен храм во Македонија е вистинска работа да ги спои нашите народи, бидејќи, како што забележа, има голема духовна бпискост.

Arhierejska.osveten20.jpg
-    Во иднина нема да има никаква омраза, како што немало и досега. мора да се збпижиме да бидеме заедно во радост и во тага. Мора да ја почитуваме нашата историја и традиција, кои со векови нашите предци ги почитувале, рече Самсоненко.
Црквата посветена на „Св. Троица“, треба да биде готова во 2015 година, а изведувач на работите е компанијата „Жигол“. сс/са/12:49

 Arhierejska.osveten20.jpg

 Arhierejska.osveten20.jpg

 Arhierejska.osveten20.jpg

 Arhierejska.osveten20.jpg

  9.06.2014 год.