starec.Gavrilo.G.jpg

 „Можат да ве прогонуваат, но Бог секогаш ќе биде со вас!“ – свети Гаврил Грузиски



Отидов во Мцхета, влегов во неговта мала ќелија, прекриена со икони од подот до таванот (што на мене остави длабок впечаотк, како да сум во некој друг свет!) и побарав благослов. Баќушка ме благослови и рече: „Гледајте, тој прво зема благослов. Другите доктори уште од вратата прашуваат - Што Ве мачи? А јас сум монах, шта би можело да ме  мачи!? Така и би им одговарал - ништо не ме мачи.” Се виде дека му се допаднав. Прегледот покажа дека треба да се извади вишок течност, да се направи анализа на крвта и да се даде трансфузија, па почнавме со лечењето.

starec.Gavrilo.G.jpg

Старец Гаврил

Обично го посетував секојдневно. Еднаш, кога сакав да направам рез за да ја испумпам течноста од стомакот, додека ги дезинфицирав рацете, читав молитва (како што навикнав да правам пред операција). Старецот Гаврил ме погледна и рече: „Ти нешто мрмориш?” “Молитва”, одговорив. Ме праша која молитва ја кажувам, а јас му реков дека ја кажувам молитвата Оче наш. Бараше од мене да ја кажам на глас. Тоа и го направив. Бараше да ја кажам  и Богородице Дево. И тоа и го сторив. Тогаш побара да го прочитам Псалм 90. Го прочитав и тоа. „Е сега почни!”, благослови старецот.

Кога завршив, старецот рече дека направив Божјо дело. Тој и рече на мајка Параскева да ми плати. Му реков дека не можам да земам пари од него, а и без тоа работам во Патријаршијата, бесплатно лекувам свештенослужители. „Кој не  му е благодарен на лекарот, не му е благодарен ниту на Бога”, рече старецот. Се најдов во неблагодарна положба. Ме погали по главата и рече: „Драг докторе, раката на лекарот извршува Божје дело”.

(Продолжува)

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 
  • 1-ви април, лето Господово 2014

Друго:

 Житие на свети Гаврило Грузијски (1дел) - 31.03.2014