Petar.Komemoracija.jpg

IN MEMORIAM (Петар Милошески 1973-2014)       За вечен спомен и молитвено сеќавање за нашиот пријател и брат во Христа Бога - Петар Милошески, кој ќе остане запаметен во Црквата Божја како кроток, искрен, питом човек, кој непрестано бдееше над својата душа секогаш и секаде.

Имаше блескава интернационална фудбалска кариера, беше професионалец во вистинска смисла на зборот, но она по кое сите се сеќаваат на него е неговото големо и добро срце.

Неговиот доблесен и активен христијански живот го направија омилен помеѓу луѓето од Македонија, Турција и Кипар. Затоа огромната тага заради загубата е огромна и евидентна.

Нека Господ Бог, по молитвите на сите светии, ја насели неговата прекрасна душа онаму каде што почиваат праведниците, оти само Господ ги знае сите негови добри дела со кои се украси за време на овој живот. Пресветата Мајка Богородица нека му даде утеха на неговото семејство кое загуби син, брат, сопруг и татко. Вечен нека му е споменот!

  Друго:

 tome.damjan4.jpg

Куса средба со голманите на Македонската репрезентација 

Загина Петар Милошевски

 Комеморативна седница

Фудбалската Федерација на Македонија ќе одржи комеморативна седница во чест на трагично загинатиот директор на А репрезентацијата на ФФМ, Петар Милошевски. Комеморативната седница ќе биде оддржана во сабота, 15.03.2014 год. со почеток во 12.00 часот во City Hall (веднаш до МКЦ).

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта Бутел во недела, 16.03.2014 година од 11.30 до 12.30 часот.