Restav.Konak.jpg

 
с. Љубанци (скопско),Недела, 16 Февруари 2014 -манастир на св. Никола

Restav.Konak.jpg

     Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, придружувана од пратеникот во Собранието на РМ, Диме Маџовски, и од директорката на надлежната установа Конзерваторски центар – Скопје, Ема Петрова, на 16-ти февруари  2014 година го посети манастирот Свети Никола во село Љубанци (сместен на падините на Скопска Црна Гора) каде годинава со средства на Министерството за култура предвидена е конзервација и реставрација на стариот конак во овој манастир, кој поради својата вредност е споменик на културата заштитен со закон.

  Restav.Konak.jpg

 Restav.Konak.jpg

   Restav.Konak.jpg

Стариот конак во манастирскиот комплекс „Свети Никола“ во скопското село Љубанци ќе се конзервира и реставрира. При посетата на манастирот, Министерката за култура соопшти дека за санација на лошата состојба во која се наоѓа конакот, оваа и наредната година ќе бидат одвоени средства од буџетот на Министерството за култура.

-Манастирскиот комплекс на црквата Свети Никола од село Љубанци е еден од приоритетите во годишната програма на Министерството за култура. Минатата година се изврши целосен увид на состојбата на конакот, кога се увиде дека е во многу лоша состојба. Токму поради тоа надлежната установа Конзерваторски центар Скопје направи проценка на состојбата и изготвија проект за постојната состојба, истакна Канческа-Милевска.

Restav.Konak.jpg

Планирано е годинава да се направи демонтажа на покривот и изградба на потпорен ѕид, а ќе се објави и тендер за реставрација и конзервација на конакот.

Restav.Konak.jpg

Restav.Konak.jpg

Министерката за култура информираше дека иконостасот во црквата, кој е изработен од познатиот мијачки мајстор Дичо Зограф, е целосно реставриран и конзервиран од страна на недлежната институција.

- Очекуваме до крајот на наредната година да го видиме манастирскиот конак во автентична состојба кој ќе може да прими повеќе посетители, истакна Канческа-Милевска.

Restav.Konak.jpg

Restav.Konak.jpg

Манастирот Св. Никола во село Љубанци, сместен на падините на Скопска Црна Гора е комплекс од градби од 19 и 20 век. До 1960 година функционирал како машки манастир, а од 1998 г. е возобновен како женски манастир. Заради погодноста на планинската клима, за време на Втората светска војна манастирот претставувал воздушна бања за болни од туберколоза.

Restav.Konak.jpg

Министерството за култура за заштита на културното наследство, во Годишната програма, освен овој, има предвидено и многу други проекти за конзервација и реставрација на сакралното и културното наследство. Меѓу нив се проектот за конзервација на архитектурата на црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во општина Старо Нагоричане, конзерваторско-реставраторски работи на живописот на манастирскиот комплекс Св. Ѓорги,  Кнежино од 14 век, конзервација на архитектурата и живописот на црквата св. Ѓорги во с. Курбиново.

  Restav.Konak.jpg

  Restav.Konak.jpg

  Restav.Konak.jpg

Restav.Konak.jpg

 

 

Restav.Konak.jpg

  • Преминпортал (к.т)