ruskikrst.prozor1.jpg

Старец Софрониј

Што да сториме за нашето спасение? Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од власта на гревот и од власта на смртта?

  • Тоа треба да биде наша грижа во секој миг, а, истовремено посилна, понагласена. Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена. Според Православната Црква, спасението на човекот е неговото обожение. Треба да научиме да го живееме вечниот живот на Самиот Бог. Што значи обожение на човекот? Да живееме како што живееше Господ, да ги здобиеме мислите и чувствата Христови, пред сè, од последните моменти на Неговиот овоземен живот.