Dositej.Daniela.jpg

Рајчица, 9-ти декември 2013 год.- на празникот на  преподобен Алимпиј Столпник   и   Возобновување на храм на св. Георгиј во Киев

 

Dositej.Daniela.jpg

 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО ДПМНЕ РАНГЕЛОВА ВО ПОСЕТА НА МАНАСТИРИТЕ БИГОРСКИ И РАЈЧИЦА

 

  Dositej.Daniela.jpg

 


Денеска 9.12.2013 година,  Претседателот на Унијата на жени на ВМРО  ДПМНЕ  Даниела Рангелова ги посети Манастирот „Свети Георгиj Победоносец“ во Рајчица и  Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“.

 

Dositej.Daniela.jpg


Рајчица е вистинско духовно светило, не само во Дебарско-кичевската епархија, туку и за целата Македонска православна црква и Република Македонија. Молитвите на сестринството и нивната гостопримливост се вистински духовен дар за православниот народ и за сите поклоници, нагласи Рангелова за време на посетата и разговорот со  сестра Ана која денеска со сестринството и бројните верници го честуваа празникот „Св.Георија„.
Претседателот на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се запозна се целиот манастирски комплекс каде има неколку работилници во кои монахињите  во слободно време изработруваат митри, икони, бројаници и други црковни предмети.
Во разговор со старешинството на Бигорскиот манастир, претседателката Рангелоа се информираше дека последниве две-три години  гости на манастирската црква и на конаците биле туристи  од Грција, Бугарија, Словенија, Русија, Америка и од други држави. Гостите се восхитуваат од архитектурата, фрескосликарството од место положбата, од духовноста која зрачи на сите страни  на ова древно македонско светилиште рекоа од монашкото братство.
 „Бигорскиот манастир "Свети Јован Крстител" претставува вистински центар на обновата на православието во Македонија„ рече Рангелова. Според нејзе монасите неуморно извршуваат голем подвиг, односно  поради нивната вистинска љубов и постојана грижа, а по застапништвото на светиот Јован Крстител, во манастирот се излекувале и сè уште се лекуваат голем број на зависници од наркотични средствa.
На средбата во Бигорски и Рајчица се разговараше за потикнување на идни проекти за поддршка на христијанските и семејни вредности во Република Македонија.

 Dositej.Daniela.jpg

 Dositej.Daniela.jpg

 Dositej.Daniela.jpg

 Dositej.Daniela.jpg

  Dositej.Daniela8.jpg

  Dositej.Daniela.jpg

 

  За Преминпортал: П.П/к

9 -ти декември, лето Господово 2013

  Dositej.Daniela8.jpg