Drvja.shuma.jpg
 
 
  Несовршеноста на човечката душа се пројавува во тоа што го заборава важното и го памети суетното; дека го заборава она што би требало да го помни и го помни онa што би требало да го заборави. Поради тоа можеме секого да запрашаме: “Кажи ми што забораваш и што помниш, а јас ќе ти кажам кој си”. Сите знаеме што значи навредата, затоа што нé навредувале и сме се навредувале. Без да е свесен, секој кој навредува и секој кој се навредува, се повредува себеси, бидејќи самиот се лишува од сонцето на љубовта. Оној кој навредува ја повредува не само душата, туку и своето тело – злите емоции предизвикуваат болна телесна напрегнатост, што се одразува на неговата физичка размена на материите и го нарушуваат животот. Оној кој навредува се навредува најпрво себеси. Но, и оној кој се навредува постапува неразумно, бидејќи се повредува самиот. Над себе да се закриеме со светлиот штит против навредите, необрнувајќи им внимание. А она што е возвишено, тоа да го спротивставиме на навредата – љубовта, кротоста, великодушноста. „Научете се од Мене, – рекол Христос Спасителот, – зашто Сум кроток и смирен по срце и ќе најдете мир за вашите души“ (Мт. 11:29). Ете еден прост пат до среќата, за која човекот често размислува, не знаејќи го патот до неа.

++++архиепископ-иоанн-сан-францисский
Навредата понекогаш бива неосознаена. Нанесувањето на навреда произлегува од гордоста, од желбата да биде другиот понижен, од одмаздата и злобата. Луѓето навредуваат и од алчност, завист, славољубие, егоизам и едноставно од душевна нечувствителност и морална невнимателност. Претприемникот (индивидуален или колективен, како држава или партија) најбезобзирно ги навредува луѓето, експлоатирајќи ги не само економски, туку и морално.
Експлоатацијата е многулика форма на несправедливоста. Историјата на човештвото е полна со тој грев сé до наше време. Но, сега нема феудални барони и не е само џет сетот оној што ги експлоатира сиромашните – кои и самите порано биле сиромашни, а кои станале администратори, партијци, претставници на пролетеријатот, жестоко ги експлоатираат сиромашните (колхозните земјоделци, работниците), и сепак, таа експлоатација ја прикриваат со многу ласкави, но празни зборови за себе.
 
Повеќе