Krvodar.faks.jpg

  Скопје, 19.11.2013 год.- Богословски факултет„ Св. Климент Охридски“

Krvodar.faks.jpg

 Krvodar.faks.jpg

 Krvodar.faks.jpg

 Krvodar.faks.jpg

 Крводарителска акција на Теолоскиот факултет„ Св. Климент Охридски“ во Скопје - 19.11.2013

Krvodar.faks1.jpg

„ Ако некој рече: >>Го сакам Бога<<, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, кого не Го видел? И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој. (Прво соборно послание на Светиот апостол Јован Богослов, 4. 20-21)

 Krvodar.faks.jpg

Во текот на есенскиот семестар, студентите на Теолоскиот факултет, како и секоја година до сега, зедоа доброволно учество во крводарителската акција, организирана во соработка со Црвениот крст на општина Центар и Институтот за трансфузиона медицина. Идните теолози се редовни дарители на крв, кои своите почетни активности во крводарувањето ги бележат уште во средношколските денови. Овој хуман и несебичен гест кај младите момцинја е само уште една потврда во практикуванјето на верата, преку чинење добри дела за ближниот, и за секој човек, брат или сестра. Голема благодарност до деканот на факултетот проф. д-р Ацо Гиревски,   и до сите кои земаа учество во реализиранје на крводарителската акција.
...Му благодарам на Бога за се!

 Krvodar.faks.jpg

 Krvodar.faks.jpg

 

  Krvodar.faks3.jpg

  Разговаравме со деканот проф. д-р Ацо Гиревски.... кој меѓу другото ни рече:

 Krvodar.faks1.jpg

Православниот богословски факултет од основањето па до денес практикува активности од хуманитарен карактер надвор од наставата. Некогаш позачестено, некогаш поретко, но активноста крводарување не престанала до денес. На почетокот се практикуваше еднаш годишно, сега дури и двапати годишно. Гледаме акцијата да биде организирана пред почетокот на постот, во месецот ноември, пред Божиќниот пост и на пролет веднаш по Велигден. Едно време оваа крводарувањето беше поврзана со акцијата на Прва помош, на која учествуваа нашите студенти и се се натпреваруваа на ниво на град Скопје и често беа добитници на награди.  Студентите имаат своја канцеларија каде што ги чуваат освоените пехари.
  Бројот на крводарители во последно време значително се зголеми, што се должи на агитацијата на Студентското друштво при ПБФ. Процентот на крводарители студенти изнесува дури и повеќе 80% од вкупниот број на редовни студенти.                        

     Одвреме навреме слушаме повратни информации од екипата за крводарување дека нашите студенти се исполнителни, редовни и поради тоа и често пофалувани. Не случајно е така, бидејќи сметаме дека тие во тој дух се воспитуваат и образуваат, секогаш да пристапат во помош кон оние кои имаат потреба од помош, а посебно од спасување на човечки животи. Всушност, и теологијата претставува наука за спасението.“

 Krvodar.faks.jpg

 Krvodar.faks.jpg

 Krvodar.faks.jpg

  Krvodar.faks.jpg  Krvodar.faks.jpg

    Krvodar.faks.jpg

  Преминпортал (д.б./к.т.)