Monog.crkva.peshte.jpg

Скопје, 14.11.2013 год. -  Матица Ексклузив

 Monog.crkva.peshte.jpg

 ИСТОРИЧАРОТ Д-Р ГОЦЕ ЖУРА ЈА ПРЕТСТАВИ МОНОГРАФИЈАТА

Monog.crkva.peshte.jpg

Нашите пештерски цркви имаат најуникатен живопис во светот

   Monog.crkva.peshte.jpg

Monog.crkva.peshte.jpg

Monog.crkva.peshte.jpg


Во монографијата промовирана во Матица Ексклузив, претставени се десет пештерски цркви на охридското крајбрежје, импресивни по својата градба и начинот на живописување

"Овие мистични светилишта и споменици се единствените и уникатните сакрални објекти и без нив е незамисливо постоењето на македонската црковна историја", вели историчарот д-р Гоце Жура, автор на колор-монографијата "Пештерски цркви на охридското крајбрежје" која беше промовирана вчера во Матица ексклузив. Според д-р Жура фрескоживописот во нив и композициите кои се насликани се најуникатните на балканските простори, па и во светски рамки
"На охридското крајбрежје се откриени преку 30 монашки живеалишта и цркви во пештери, но ги проучував само оние што имаа фрескоживопис, насликаните. Монасите живееле во пештери, а на деветтиот час оделе да се молат во црквата каде имало живопис. Откриени се десет такви пештерски цркви и сите се опфатени со монографијата, вели д-р Жура.

На 200 страници со преку 150 фотографии претставени се десет пештерски цркви импресивни по својата градба и начинот на живописување. Ќе споменеме само неколку. Новооткриената пештерска црква "Св. Никола" кај селото Љубаништа, "Св. Богородица Пештанска" (Градиште), црквата "Св. Стефан", пештерската црква посветена на Воведение Богородично, која се наоѓа под црквата "Св. Јован Богослов Канео" во Охрид, а кај селото Радожда се наоѓа пештерската црква "Архангел Михаил"...

Нивното значење истакнува д-р Жура е огромно, а сите цркви се богати и имаат исклучителна важност токму поради живописот кој, иако насликан на нерамен ѕид, е неверојатно веродостоен. Во Радожда, на пример, за првпат е претставен свети Климент, тука е и голема композиција на легендата "Чудото во Хона" која е единствена во христијанскиот свет, во Калиште на северниот ѕид за првпат во светската уметност се претставени свети Кирил и Климент, учител и ученик, како чинодејствуваат. Во Св Еразмо, претставен е ликот на Еразмо, во Св.Спас, света Богородица пештанска...

Според д-р Жура, појавата на пештерските цркви на брегот од Охридското Езеро не може со точност да се утврди бидејќи пишаните извори за нив се скромни, или воопшто ги нема. Сепак, како што вели, нивните почетоци треба да ги бараме во времето на доаѓањето на светите Климент и Наум на овие простори, од 9 век и монаштвото во тој период. Сепак, најголем број на пештерски цркви подигнати на Охридското Езеро потекнуваат од 12 и 13 век. Во тој период се јавуваат голем број монаси кои бегале од земските благодети и уживале во самотијата, вели д-р Жура.
За жал овие пештерски цркви кои најчесто биле откривани токму од рибарите, пропаѓаат бидејќи се наоѓаат на непроодни места и луѓето ретко ги посетуваат.

"Би било добро доколку се организираат тури со брод, за да можат што повеќе луѓе да го видат ова богатство. Монографијата е единствена на Балканот, а претставените пештерски цркви се само еден сегмент од пештерските цркви во Македонија. Ги имаме и по реката Бабуна, по реката Треска, во Зрзе...", додава д-р Жура.
(Д. Т.)-Вечер

+++ +++

 Гоце Ангеличин Жура: 

 Monog.crkva.peshte.jpg

    Monog.crkva.peshte.jpg

Пред да започнам да зборувам за пештерните цркви, дозволете ми да им се заблагодарам на сите оние што помогнаа оваа монографија да биде достапна до читателот.
Особена благодарност должам кон овде присутниот д-р. Димитар Ќорнаков, доајенот на Македонската и Балканската уметничка резба, кој е воедно и иницијатор и подржувач за да се напише оваа книга.
Голема благодарност кон г-дин Раде Силјан, директор на издавачката куќа Матица Македонска, кој од сѐ срце и безрезервно ја прифати оваа одговорна работа и ја финализира до крај. Задоволство е да се биде во нивно друштво и да се беседи со овие великани на македонската историја. Едниот во културното наследство, а другиот во литературата, оставија светлообразни, неминливи и вечни дела со кои ги задолжија идните генерации.
Благодарност кон сите вработени во Матица Македонска кои зедоа активно учество во обликувањето на книгата.
Немерлива благодарност кон сопругата Николина, за моралната
поткрепа, како и кон мојата убавица, ќерката Гордана и колегата архитект Горан Патчев, автори на чудесните фотографии, со кои силно ги доживеав незаборавните моменти од нашите теренски патешествија. Должам благодарност кон мојата уважена директорка г-ѓа Тања Паскали- Бунташеска, од која секогаш сум ималразбирање и подршка за моите теренски истражувања.

Monog.crkva.peshte.jpg

Почитувани присутни

Чест и задоволство е пред ваков уважен аудиториум да се зборува за лепфрните цркви, тие мистични сакрални објекти од нашето средновековие.
Скриени длабоко во карпите, во дивите и непристапни предели околу бреговите на Охридското Езеро, веќе десет векови опстојуваат како места каде се раѓала и ширела идејата за христијанското учење и каде што се создавала македонската црковна историја.
Триесетина пештерни светилишта, цркви или само монашки живеалишта, се споменици на богатата македонска монашко-црковна традиција и живи сведоци од времето на светите Климент и Наум.
Единствени не само по однос на градбените решенија и местоположбата, туку и по начинот на украсување со фрескоживопис, овие македонски Метеори дишат со една поинаква, повисока и по многу нешта единствена форма на изразување и практикување на некогашните религиозни потреби.
Создавањето на овој специфичен вид светилишта е цврсто поврзано со почетоците на монаштвото кај нас. Тоа почнува многу рано, поврзано со првоапостолот Павле, запишано во Библијата-Делата Апостолски, 16,9 и 10; 15 На Павле му се јави ноќно видение. Еден Македонец застана пред него и го молеше, велејќи: Дојди во Македонија-помогни ни. И кога го виде видението, веднаш тргнавме за Македонија, заклучувајќи дека Бог не повикал да им го проповедаме Евангелието". Исто така во гл. 19,29 и 20,1 пишува: "и целиот град се побуни, навлегоа во театарот и ги грабнаа Македонците Гај и Аристрах, Павловите сопатници и кога стивна вревата, Павле ги повика учениците, ги посоветува, се прости со нив и тргна за Македонија".
Затоа Македонија е прабиблиска земја, а судбината ја предодредила да стане и првата земја во Европа во којашто Господовите апостоли, на чело со Павле биле повикани да го шират христијанството и да го покрстуваат населението.
Сепак почитувани присутни, во ниедна од пештерните цркви и монашки живеалишта, не постои запис за монасите кои живеат тука, ниту пак се знае за идентитетот на зографите. Тоа биле аскети, и, што ги довело на патот на самоизолација и целосно откажување од земските благодети и кои преку непрекинатите молитви барале спас во Господа.
Историјата за нив ќе запише дека се молчеливци, но нивното молчење било погласно од секој збор, од секој јазик. Тоа биле испосници кои ги учеле тогаш покрстените да се чуваат од лакомост и разврат. Тоа биле најмилозливите луѓе, чудотворци по вера, надеж и љубов, што околу себе ја ширеле, а кои себеси се сметале за најгрешни и должни да ги отплаќаат гревовите на сите. Биле тоа следбеници на Севишниот и учењето исихазам, распространето на овие простори во XIII и XIV век.
За жал денес пештерните цркви и монашки живеалишта опустеа. Само плискањето на езерските далги и шумот на ветерот, како и случајните намерници, го нарушуваат нивниот мир и осаменост, потсетувајќи не денес на еден некогашен древен и мистичен свет, свет кој има неодминливо значење како извор на податоци на Македонците и македонското средновековие.

ПОЧИТУВАНИ

Ви се заблагодарувам зашто со Вашето ценето присуство ја збогативте оваа промоција и Ви пожелувам во Вашите благодетни и со љубов исполнети домови вековито да претстојува духот на доброто, радоста и среќата, а најповеќе здравјето.

БЛАГОДАРАМ

Скопје 2013 год.    Гоце Ангеличин Жура
Кустос советник истор. на уметност

Monog.crkva.peshte.jpg

Monog.crkva.peshte.jpg

   Monog.crkva.peshte.jpg

     Monog.crkva.peshte.jpg

  Преминпортал (к.т.)