Pariz.dozd.jpg

Храброст
Пред многу години, додека работев како волонтер во болницата Стенфорд, запознав девојченце по име Лиза, која боледуваше од една ретка болест. Се покажа дека единствена можност да оздрави беше преку  трансфузија да ѝ се даде крв од нејзиниот петгодишен брат, кој на некој необјаснив начин успеал да ја преживее истата таа болест, така што во неговиот организам се создале антитела способни да ја совладаат таа лоша болест. Лекарот му ја објасни на братчето ситуацијата и го праша дали би сакал да даде крв за својата сестра. Детенцето размислуваше само еден миг, потоа длабоко воздивна и рече:
„Да, спремен сум, ако тоа ќе ја спаси Лиза“.
Додека течеше трансфузијата, тој лежеше во креветот покрај својата сестричка и цело време ѝ се смешкаше. А и ние останатите се смешкавме, гледајќи како на девојчето му се враќа руменилото на образите. Наеднаш неговото лице пребледе, и од него исчезна насмевката. Погледна кон лекарот и со трепетен глас праша:
„Веднаш ли ќе почнам да умирам?“
Бидејќи беше мало и погрешно го имаше разбрано докторот, детето мислеше дека треба на сестричката да ѝ ја даде сета своја крв. Јас тогаш научив што е храброст и пожртвуваност. 

 

 

 

Извор: Бигорски манастир