Pantokrator.IT1.jpg

 

 Секој кој сака да ја покаже својата љубов за упокоените членови на Црквата, и вистински да им помогне, тоа најдобро може да го стори молејќи се за нив, а особено давајќи ги нивните имиња за спомнување на Божествена Литургија, кога честиците извадени за живите и упокоените се спуштаат во Крвта Господова, а свештеникот се моли со молитвата: „Измиј ги, Господи, со светата Твоја Крв гревовите на овде споменатите Твои слуги, по молитвите на Светиите Твои“.

Да се погрижиме за оние кои во Христа се упокоија, да направиме сè што можеме, сеќавајќи се дека „Блажени се милостивите, зашто ќе бидат помилувани“.

 

Митрополит Полошко - осоговски  Јосиф