Атељето за изработка на одежди во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка постои од 2000 година.




С
естрите  изработуваат везени владички и свештенички одежди, византиски
мантии, покровци за путир, завеси за царските двери , плаштаници , бајраци  и сите потребни елементи за црковните богослужби.


Комплетната изработка, почнуваќи од идејно решение, компјутерско дизајнирање на везовите, 
нивна изработка на комјутерски приспособена машина, до финално склопување, шиење на одеждите, се изведува од монахињите во самиот манастир. Нивната изработка е секогаш соборна.


 
Последниот труд на сестринството се овие владички одежди. Нивната особеност и реткост е во начинот на везење. Самиот вез е целосно комјутерки дизајниран
и реализиран без употреба на готови везови или траки.

Орнаментите со трите еднакви крста заедно со путирот се инспирирани од детал од столбец на камена олтарна преграда на ранохристијанска базилика од 4-ти век, вграден во надворешниот ѕид на црквата во 14 -тиот век . Тие го заземаат централното место на сакосот, вклопени во целина карактеристична за македонските народни носии.

 
Согледувајќи го нивниот кретивен труд, a и разгледувајќи го каталогот на одежди кои досега се направени, можеме со радост да забележиме дека  Македонската Православна Црква доби една извонредна екипа на монаси кои ќе ја збогатат црковната ризница.







 





ПреминПортал