Lit.Sinod.jpg

   Скопје,  29 септември, лето Господово 2013- храм Рождество на  Пресвета Богородица

 Lit.Sinod.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 

На 29 септември 2013 година,  во храмот Рождество на Пресвета Богородица - Скопје се одслужи Архиерејска Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во сослужение на архиереите на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Во денот кога се празнува споменот на светата великомаченичка Ефимија, преподобен Доротеј и светата маченичка Људмила; МПЦ – ОА ги возвелича јубилеите : 1.700 г. од Миланскиот едикт на  цар Константин со кој се прогласи слобода на исповедувањето на Христијанската вера и 1.150 г. од почетокот на Моравската мисија на сесловенските учители Кирил и Методиј.
 
Владиката Климент во својата беседа поучуваше за јубилеите кои нашата Соборна православна црква денес ги слави.

 

 
Пред пресудниот воен судир царот Константин во благодатна средба со Господ Исус Христос ја добива величествената порака „Со овој знак (Чесниот Крст) ќе победиш“.  Бидејќи пораката се докажа како веродостојна, светиот цар Константин Велики ја донесува цивилизациската одлука дека „На секого треба да му се овозможи слободно да исповеда вера согласно својата совест“.

 

 Lit.Sinod.jpg

Lit.Sinod.jpg

Lit.Sinod.jpg

На вчерашната свечена академија по повод јубилеите Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан истакна дека духовната слобода е основа на сите слободи. 
 
Денес светот инсистира на демократија и политичка слобода, а Христос бара да владее љубовта меѓу луѓето. Да се подсетиме дека христијаните победуваат со благиот милостив дух. Нашиот Господ Исус Христос нѐ советува да ги љубиме непријателите и да ги поучуваме народите. Владиката Климент истакнува дека Тој не вели еден народ туку да се почуваат сите народи. Тоа значи дека не се негира правото на постоење на поедините народи но дека треба да се надминат ограничувањата кои ги носи национализмот.

 

 
Во тој контекст добива особена важност поуката на православното предание кое го истакнува значењето и оригиналноста на личноста индивидуално на секој човек како најголем Божји дар, наспроти идеологиите кои ја величаат масата народ во која се губи личноста и нејзината слобода.

 

  Lit.Sinod7.jpg

  Lit.Sinod8.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 Lit.Sinod.jpg

  Lit.Sinod12.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 

 Lit.Sinod.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 

 Lit.Sinod.jpg

 Lit.Sinod.jpg

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • IMGP4400
  • IMGP4438
  • IMGP4454
  • IMGP4494
  • IMGP4499
  • IMGP4500
  • IMGP4510
  • IMGP4512
  • IMGP4517
  • IMGP4526
  • IMGP4530
  • IMGP4542
  • IMGP4550
  • IMGP4554
  • IMGP4568
  • IMGP4576
  • IMGP4581
  • IMGP4586
  • IMGP4589
  • IMGP4595
  • IMGP4600
  • IMGP4601
  • IMGP4602
  • IMGP4603
  • IMGP4608
  • IMGP4639
  • IMGP4648

Преминпортал:

Ратислав Кардалев