„Православна Светлина“ 26 и „Библиски настани“ 10
15.07.2013.
Во пресрет на големите христијански празници посветени на светите апостоли Петар и Павле излегоа од печат новите броеви од списанието „Православна Светлина“ и од илустрираната едиција „Библиски настани“.
И во овој нов број на „Православна Светлина“, 26 по ред, веќе во седмата година од неговото печатење, стандардно, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати радоста кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие денови.
Списанието е бесплатно и можете да го земете низ храмовите во Повардарската епархија.
Во овој период излезе од печат и десетиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов „Пријател на сите“, во кој е обработен расказот за спасителната мисија на Господ Исус Христос. Илустрираната едиција „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои се печатат во тираж од 10.000 броја, а излегуваат од печат во определен временски интервал. Вакво илустрирано библиско издание се печати за првпат во историјата на издаваштво на Македонската Православна Црква, а досега не се испечатени слични изданија ниту во останатите православни цркви на Балканот.